РФМ донираше топки, а стигна и нов герфлор (ФОТО)

Ракометната Федерација на Македонија продолжува со ветените проекти, откако донираше топки на клубовите од Првата машка и женска лига, како и Женската Супер лига.

Сите клубови добија по десет топки од Ракометната Федерација на Македонија, а исто така стигна и герфлор подлога.

“Со особена чест и големо задоволство информираме дека оваа недела беше успешно реализирана донација на по 10 ракометни топки за секој клуб – за машките клубови од Првата лига, како и за клубовите од Женската Супер и Првата женска лига, во соработка со Светската ракометна федерација (ИХФ).Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да ги поддржува клубовите, создавајќи подобри услови за развој и унапредување на нашиот спорт.Воедно, пристигна и новиот Gerflor под за потребите на Федерацијата – уште една значајна донација од ИХФ. Изразуваме голема благодарност до ИХФ за континуираната поддршка, довербата и вложувањето во македонскиот ракомет. Заедно градиме посилна иднина”, – објавија од РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *