Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) именуваше нови селектори на младинските репрезентации во женска и машка конкуренција.
Нови селектори на младинските репрезентации се Горан Кузманоски, Симе Симовски, Славиша Димитријески и Даниела Новеска.
Симе Симовски е нов селектор на женската младинска репрезентација. Даниела Новеска ќе биде предводник на женската кадетска репрезентација.
Горан Кузманоски ќе ја предводи машката кадетска репрезентација, а Славиша Димитријески ќе ја предводи женската пионерска репрезентација.
(фото – 24Ракомет)📷