Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) со особено задоволство го продолжува долгогодишното и успешно партнерство со Македонски Телеком, кој и во наредниот период ќе остане еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет.
Македонски Телеком со години претставува стабилен и сигурен партнер на националните ракометни селекции, давајќи значаен придонес во развојот на ракометот и промоцијата на спортските вредности во нашата држава. Поддршката што ја добива македонскиот ракомет преку ова партнерство е од суштинско значење за континуитетот, квалитетната подготовка и настапите на нашите репрезентации на големите меѓународни натпреварувања.
Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) и Македонски Телеком и во иднина ќе работат заедно на поддршка на националните селекции, развој на младинските категории и афирмација на ракометот како еден од најзначајните спортови во земјата.


(фото – РФМ)📷








