РФМ и Пивара Скопје ја продолжија соработката (ФОТО)

Официјално беше потпишан договорот за соработка меѓу Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што се потврдува и продолжува едно од најдолгите и најзначајни партнерства во македонскиот спорт.

Воедно, настанот беше посветен и на одбележувањето на 45 години континуирана поддршка на Пивара Скопје кон македонскиот ракомет – поддршка која со децении стои зад успесите, развојот и вредностите на нашиот спорт.

“Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност за долгогодишната доверба и заедничката визија за иднината на македонскиот ракомет”, – изјавија од РФМ.

(фото – РФМ)📷









Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *