Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на социјалните мрежи се заблагодари на Општина Гевгелија за организацијата на Супер Купот на Македонија.
“Почитувани,
Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до Андон Сарамандов – Градоначалник на Општина Гевгелија и РК Партизан Гевгелија, за спроведувањето и учество во организацијата на СУПЕР КУП натпреварот 2024 кој се одржа во спортската сала 26-ти Април.
Воедно изразуваме искрени честитки и пофалби во делот на организација за топлиот прием за играчите, тренерите, службениците лица и гледачите кои беа присутни во спортската сала 26-ти Април – Гевгелија .
Заедничкиот придонес на сите инволвирани чинители во ракометниот спорт, е заложба и приоритет за одржување на епитетот национален спорт број 1.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија
(фото – РФМ)📷