Дисциплинската комисија при Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) во својот последен билтен ги соопшти казните за настаните на натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.
На двата клубови им е изречена парична казна од по 45.000 денари, додека казни добија и Дејан Манасков и Крсте Андоновски.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков е казнет со три месеци да не настапува на натпревари, додека Крсте Андоновски е казнет со три натпревари.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








