Ракометната федерација на Македонија ја достави пријавата на Вардар 1961 за учество во Лигата на шампионите.
Пријавата беше доставена до Европската ракометна федерација, Македониjа треба да има уште три претставници во Лигата на Европа, а не е исклучена можноста за ваjлд-карта и за петтопласираната екипа.
“РФМ ја достави пријавата на РК Вардар 1961 до Европската Ракометна Федерација за учеството во Лигата на Шампиони во машка конкуренција за сезона 2022/23. Им посакуваме спортски успеси во EHF/CL 2022/23,” – изјавија од РФМ.
(фото-Рк Вардар 1961)📷