РФМ ја исплати наградата на машката сениорска репрезентација за СП 2025 година

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја исплати наградата на машката сениорска репрезентација за СП 2025 година.

Наградата на сениорската репрезентација на Македонија е во парична вредност од 3.000.000 денари.

“По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на IHF World Championship 2025. Македонската сениорска репрезентација на IHF World Championship 2025 CRO/DEN/NOR настапи во градот Вараждин Р. Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето. Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал”, – објавија од РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *