Вчера се одржа втората седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), на која членовите на одборот дискутираа за прашања и за планот на идни активности на федерацијата.
На седницата беа разгледани повеќе теми поврзани со организацијата и координацијата на претстојните натпреварувачки обврски, програмите за развој и промоција на ракометот, како и активностите кои следуваат во наредниот период. Во рамки на дискусијата беа изнесени предлози и насоки за унапредување на работата на федерацијата, со фокус на подобра организација, поддршка на клубовите и континуитет во развојот на репрезентативните селекции.
“Ракометната федерација на Македонија продолжува со посветена работа на реализација на планираните активности, со цел унапредување и развој на ракометот во државата”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.
(фото – РФМ)📷











