Савевски објави список од 35 ракометарки за баражот со Украина

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави поширокиот список на ракометарки за баражот со Украина.

На списокот повикани се 35 ракометарки. Првиот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Украина се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот е во унгарскиот град Кишварда на 11 април со почеток во 17:00 часот.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.