Савица Мркиќ и Ериче го освоија Купот на Италија

Викендов во Италија се одигра Купот во женска конкуренција. Од Македонија во женска конкуренција имаше еден претставник, а тоа е Савица Мркиќ.

Македонската ракометарка Савица Мркиќ и екипата на Ериче го освоија Купот на Италија, откако во финалето ја совладаа екипата на Бриксен со 33-29.

Савица Мркиќ на овој натпревар имаше еден погодок, но повеќе време одигра во одбраната на Ериче.

(фото – Ракометна Федерација на Италија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.