Саид Хеидарирад е нов голман на Еурофарм Пелистер

Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Искусен и квалитетен голман доаѓа во клубот и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Се работи за 34-годишен голман, кој во својата земја е гопема спортска ѕвезда. Саид Хеидарирад доаѓа во Битола од Партизан Белград, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која црно-белите ја освоија во сезоната 2024/25.

Хеидарирад долги години е во Европа, откако пред да дојде во Србија седум сезони настапуваше за романскиот гигант Динамо Букурешт и освои многу трофеи со клубот од главниот романски град. 194-сантиметри високиот Саид Хеидарирад е незаменлив во иранската репрезентација, а беше дел и од неколку Светски првенства и шампионати на Азија.

Иранскиот голман потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на крајот од месецот. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *