Салата “Билјанини Извори” со нова опрема за пролетниот дел (ФОТО)

Стигнаа новите ракометни голови, со највисок сертификат, одобрен од страна на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), како дел од континуираниот процес за модернизирање и подобрување на условите во спортската сала “Билјанини Извори”.

“Чекор по чекор им овозможуваме одлични услови за тренинг и натпревари на сите ракометни екипи, како национални така и интернационални, кои имаат желба да ја користат нашата сала за подготовки, натпревари и турнири. Особено ни е мило што во ова време на подем на ракометот во Охрид успеваме како претпријатие да им овозможиме одлични услови за тренинг и натпревари на нашите охридски ракометари и клуб ГРК Охрид како наш мал скромен придонес за постигнување на што подобри резултати”, – изјавија од ЈП “Билјанини Извори”, Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести