Салата Расадник оди под Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода денеска и официјално ја презеде салата “Расадник”, и во иднина општината ќе управува со салата.

Салата е преземена без долгови кои ги имаше и се започнува процес за нејзина темелна реконструкција.

“Почитувани, од денес вртиме нова страница во приказната за салата Расадник. Од денес испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено – црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот”, – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

(фото – Општина Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести