Реми на дербито од Првата лига помеѓу Алкалоид и Голден Арт во СЦ “Борис Трајковски” со резултат 25-25.
Во првото полувреме екипата на Голден Арт го имаше водството и на полувреме замина со 11-13. Во второто полувреме се играше изедначено гол за гол. На крајот од второто полувреме Алкалоид имаше водство од три гола разлика, но екипата на Голден Арт успеа да се врати и натпреварот заврши нерешено. Најзаслужен за ремито беше Давид Даев кој во последниот напад постигна гол за реми.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Игор Ѓорѓиев со шест погодоци, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Ивица Илиев со 13 погодоци.
Рк Алкалоид 25-25 Рк Голден Арт
(фото-Рк Голден Арт)