Ракометната Федерација на Македонија (РФМ), односно Дисциплинската комисија додели санкции на судиите Марко Огњановски и Дамјан Савиќ, како и на двајца ракометари од Јехона и казна доби и тимот на Овче Поле.
На судиската двојка Марко Огњановски и Дамјан Савиќ им е изречена суспензија, забраза за вршење на функцијата во трање од 20 дена, согласно Кодексот и Дисциплинската комисија на РФМ.
Казни добија и ракометарите на Јехона, Мојсе Тасески кој е суспендиран на четири натпревари и Стефан Маринкоски кој е суспендиран на еден натпревар.
Казна доби и тимот на Овче Поле, кој е опоменат поради пропусти во организацијата на натпреварот со Јехона.
(фото – Архива)📷








