Сара Ристовска го продолжи договорот со ЦСКА Москва

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска го продолжи договорот со екипата на ЦСКА Москва на уште една сезона.

Ристовска во ЦСКА Москва останува до јуни 2024 година. Македонската ракометарка во ЦСКА Москва пристигна во 2019 година, а претходно настапуваше за екипата на Крим.

“ЦСКА е големо семејство. Го продолжив договорот, бидејќи ми претставува големо задоволство да играм за оваа екипа. Сигурна сум дека така ќе продолжи, и сите заедно ќе се бориме и ќе постигнеме нови резултати. Навистина сум среќна во ЦСКА. Тука запознав многу добри луѓе, го научив јазикот, се чувствувам како дома. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи што беа со нас од самиот почеток. Тие се неверојатни. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам до крајот на оваа сезона. Нашата цел е уште повеќе да се обединиме, да го задржиме духот на семејството, да одржуваме одлична атмосфера во тимот, да бидеме на врвот сега и следната сезона”, – изјави Сара Ристовска.

(фото – ЖРК ЦСКА Москва)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.