Екипата на ЦСКА Москва каде настапува Сара Ристовска обезбеди финале во рускиот шампионат откако во вториот полуфинален натпревар против Звезда Звенигород славеа со 32-28.
Во првиот полуфинален натпревар ЦСКА Москва беше убедлива со 37-20, па така немаше проблеми и во вториот натпревар за пласман во финалето.
На овој натпревар Сара Ристовска имаше еден погодок. Противник во финалето ќе биде екипата на Ростов Дон, откако двапати ја совлада екипата на Лада Тољати со 34:27 и 43:30.
(фото-Инстаграм/Сара Ристовска)📷