Екипата на ЦСКА Москва, каде настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска забележа нова победа во плеј-офот од шампионатот во Русија.
ЦСКА Москва го совлада тимот на Ростов Дон со резултат 31-26. Македонската ракометарка Сара Ристовска на овој натпревар имаше пет погодоци од седум обиди кон противничкиот гол.
(фото – Инстаграм/Сара Ристовска)📷