Екипата на ЦСКА Москва, каде настапува македонската ракометарка Сара Ристовска забележа нова победа во шампионатот на Русија.
ЦСКА Москва на домашен терен ја совлада екипата на Кубан Краснодар со 36-23, исто така и на полувреме домашната екипа имаше водство од 18-11.
На овој натпревар македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше четири погодоци од пет обиди кон противничкиот гол.
(фото-Инстаграм/Сара Ристовска)📷