Екипата на ЦСКА Москва, каде настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска продолжува со победите во Русија.
ЦСКА Москва го совлада тимот на Динамо Синара со резултат 32-25. Македонската ракометарка Сара Ристовска на овој натпревар имаше седум погодоци од исто толку обиди кон противничкиот гол.
(фото – Инстаграм/Сара Ристовска)📷