Ракометарката од Прилеп, Сашка Филипоска во новата сезона ќе има нов предизвик во ракометната кариера.
Прилепчанката Сашка Филипоска ќе настапува за екипата на Шнеберг од Германија и таа веќе дебитираше за клубот.
Сашка Филипоска настапува на позицијата кружен напаѓач и во Македонија ги носеше дресовите на Деспина и Чаир.
Тимот на Шнеберг настапува во пониските лиги, односно во Регионална лига на Германија.

(фото – Инстаграм/Сашка Филипоска)📷