Како дел од настанот “Сите Сме Дел ОдТимот”, на кој беше потенцирано сработеното и констатиран успехот на Голден Арт, кој беше постигнат изминатата сезона, свое обраќање имаше и претседателот на клубот, Сашко Даев.
“Сезоната која е зад нас потврди дека кога имате колектив во кој секој поединец е максимално посветен на својата работа, целите се остварливи. Радува фактот што сме единствениот колектив кој успеа да се пласира на сите завршни турнири во младинските категории. Освоеното второ место на нашите пионери и шампионската титула на младинците е дополнителен импулс да се вложува и работи уште повеќе. Да се стигне до врвот е тешка задача, а да се остане уште потешка. Но, кога во се тоа пристапувате со задоволство, не само со обврска патот е по прооден. Јас како претседател и еден од луѓето кои го финансираат овој проект, со таков пристап секогаш ги реализирам своите цели, а потврда за тоа е мојата професионална реализација во компанијата РЕХАУ веќе четврт век. Нашата визија во клубот е насочена кон создавање македонски ракометари, нашата визија се децата на Македонија”, – изјави Сашко Даев претседател на Рк Голден Арт.
(фото – Рк Голден Арт)📷