Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите за 3. коло за плеј-офот од Супер лигата.
Судиите Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски ќе го судат дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Делегати на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе бидат Драган Начевски и Душко Камишевски.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 13 април во недела со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
(фото – Архива)📷








