Сашо Огњеновски: Целите се остварени, Пролет продолжува по зацртаниот пат

Тинекс Пролет успешно заврши уште една сезона во елитното македонско ракометно друштво. Првично зацртаната цел беше остварена со пласманот во плејофот, каде тимот на Александар Јовиќ со неколку млади и перспективни ракометари одигра низа квалитетни натпревари.

За жал, беа забележани само три победи во овој плејоф, но мора да се истакне дека Тинекс Пролет во долги периоди особено на домашен терен им парираше на тимовите со далеку поголеми буџети од клубот.

„Кога ќе се осврнеме на целата сезона, оценка на мене како директор и на целокупната управа е дека станува збор за успешен шампионат. Од година во година се поголем е бројот на клубови што влегуваат со сериозни вложувања во македонскиот ракомет, конкуренцијата е се поголема. Тинекс Пролет веќе стави до знаење дека нема намера да влегува во такви трки со огромни буџети, уште повеќе ако се знае дека сме еден од ретките колективи без апсолутно никаква помош од општината. Без оглед на се, остануваме доследни на сопствените принципи во рабата. Наша цел отсекогаш било вложување во македонски играчи, давање шанса на млади домашни ракометари, не отстапивме од тоа сезонава ниту пак ќе отстапиме од тој пат во годините што следат, бидејќи тоа е она на што сме најмногу горди како клуб“, – вели директорот Сашо Огњеновски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести