Ракометарката на Деспина, Сања Цветкоска која настапува на позицијата лев бек потпиша за екипата на Анагениси Артас од Грција.
За Цветкоска овој интернационален предизвик ќе и биде прв во својата кариера, затоа што таа во нејзината кариера го носеше само дресот на Деспина од Прилеп.
Левиот бек со екипата на Анагениси Артас од Грција потпиша договор на една година. Тимот на Пелистер и излезе во пресрет на Сања Цветкоска кариерата да ја продолжи во странство.
(фото-Инстаграм/Сања Цветкоска)📷