На ден 06.12.2021 година се одржа свечена промоција на ЖРК Астибо од Штип. После 5 години пауза, градот Штип со ракометарките на ЖРК Астибо, на чело со Дејан Величков, повторно се враќа, онаму каде што му е местото, а тоа е во ракометната Женска Супер лига. Денес на покана на тренерот и ракометарките на Астибо беа присутни градоначалникот на Општина Штип, меѓународни ракометни судии, истакнати имиња и членови на РФМ како и дел од спонзорите на Астибо. Само со многу труд, посветеност и соодветна поддршка клубот ќе има одлични резултати и големи успеси, како на државно, така и на меѓународно ниво. Ќе видиме во иднина какви се плановите на клубот за во Суперлигата.



(фото-ЖРК Астибо)📷