Селекторот Дарко Јанев го објави списокот кај младинките за Светското првенство

Стручниот штаб и тренер-селекторот на женската младинска ракометна репрезентација Дарко Јанев го објавуваат списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за претстојното Светско ракометно првенство 2024 година што ќе се одржи во Скопје.

На претстојното Светско првенство 2024 година кое ќе се одржи во период од 19-ти до 30-ти Јуни, нашата женската младинска ракометна репрезентација е дел од групата Х заедно со репрезентациите Ангола, САД и Исланд.

Од групата прво и второ пласираната репрезентација продолжуваат во главната фаза од натпреварувањето, додека трето и четврто пласираната продолжуваат во Президент куп.

На списокот повикани се 20 ракометарки, а исто така селекторот Дарко Јанев има во резерва и седум ракометарки. Подготовките ќе се одвиваат во Маврово.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/spisok-za-sobir-i-podgotovki-na-mladinska-zhenska-reprezentaczija-23052024.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести