Селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари пред бараж двомечот со репрезентацијата на Романија.
На списокот повикани се 35 ракометари, тука е и Кире Лазаров кој ќе биде селектор-играч, тука е Филип Миркуловски. Овој список се очекува да биде скратен.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Македонија во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот ќе биде во Романија во Букурешт на 19 март од 17:00 часот.

(фото-РФМ)📷