Селекторот Кире Лазаров со 22 ракометари за натпреварите со Португалија

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави скратениот список на повикани ракометари за двомечот со Португалија.

На списокот повикани се 22 ракометари. Во репрезентацијата се враќаат Марио Танкоски и Мартин Велковски од Еурофарм Пелистер, додека ги нема ракометарите на Вардар 1961, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Првиот меч меѓу Македонија и Португалија се игра на 9 март во Скопје, додека вториот натпревар се игра во Матосињос на 12 март. Собирот на репрезентацијата е на 15 март (недела) во 16:00 часот во хотелот “Александар Палас” во Скопје.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести