Селекторот на женската ракометна репрезентација на песок, Златко Мојсоски го објави поширокиот списокот на повикани ракометарки за собир и настап за претстојното Европско првенство во ракомет на песок.
Европското првенство ќе се одржи во градот Назаре во Португалија во период од 24 до 28 Мај 2023 година.
На претстојното Европско првенство репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со репрезентациите на Холандија, Украина и домаќинот Португалија.
Собирот на ракометарките е закажан за во понеделник на 24 април од 11:00 часот, на игралиштето на Кеј во Скопје.
(фото – РФМ)📷