Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави списокот на повикани ракометарки за подготовки за време на ЕХФ националната недела во март 2025 година.
Во рамки на ЕХФ националната недела (03.03.2025 година – 09.03.2025 година) женската сениорска селекција ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Србија. Натпреварите ќе се одиграат во Бор, Србија на 07.03.2025 година и 08.03.2025 година.
На списокот повикани се 20 ракометарки. Собирот на женската национална селекција е на ден 03.03.2025 година (понеделник) со почеток во 09:30 часот во малата спортска сала при Спортски Центар Јане Сандански во Скопје.

(фото – РФМ)📷