Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за престојниот собир во рамките на ЕХФ Неделата.
Сениорките ќе одиграат две пријателски средби против селекцијата на Србија во Стара Пазова, Србија. На списокот се најдоа 19 повикани ракометарки. Натпреварите се закажани за 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник). Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 22.11.2021 (понеделник) во 12:00 часот.
(фото-РФМ)📷