Селекторот на машката кадетска репрезентација Горан Кузманоски го објавува поширокот список на ракометари повикани за претстојниот европски младински фестивал Скопје 2025.
На списокот повикани се 25 ракометари. Машката кадетска репрезентација на Македонија на претстојниот младински фестивал е дел од групата А против Хрватска, Исланд и Шпанија.
Собирот ќе се одржи 23.06.2025 година (вторник) пред канцелариите на РФМ во 06:00 часот наутро со поаѓање за Пехчево.

(фото – РФМ)📷