Селекторот на Литванија, Миндаугас Андрушка си поднесе оставка од функцијата тренер!

Селекторот на литванската репрезентација Миндаугас Андрушка најави оставка по третиот натпревар на ЕП со Норвешка, откако селекцијата на Литванија ги загуби сите три натпревари против Русија, Словачка и Норвешка.

„Се враќаме со нула бодови и овој резултат не е задоволителен и затоа се потребни промени. Тимот мора да оди напред и можеби новиот тренер ќе биде поттикот“, изјави тренерот Миндаугас Андрушка.

Ракометната Федерација на Литванија ќе мора да пронајде нов селектор кој ќе ја води репрезентацијата, за пласман на СП 2023 година.

(фото-Ракометна Федерација на Литванија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести