Селекторот Љубомир Савевски со 20 ракометарки за бараж двомечот со Украина

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски ги одреди ракометарките за натпреварите со Украина за пласман на СП 2023 во Шведска, Норвешка и Данска.

На списокот повикани се 20 ракометарки, додека во ростерот ќе се најдат 16 ракометарки. Савевски првиот собир ќе го има на 3 април во понеделник во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Сениорките натпреварите ќе ги одиграат на 8 Април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски”, а три дена подоцна ќе го одиграат реванш натпреварот во Кишварда, Унгарија.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести