Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите за ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Сениорската женска репрезентација на Македонија ќе се најде во втор шешир. Место на Европското првенство обезбедуваат првите две селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции.
Ждрепката ќе се одржи на 20 април во Цирих (Швајцарија) со почетокот од 17:00 часот.

(фото – РФМ)📷