СЕХА лига со претставници од Русија и Белорусија

Во новата сезона од СЕХА лига која ќе започне од септември ќе играат осум клубови од Русија и Белорусија.

Во Русија беше потпишан договор за настап на осумте клубови од двете држави. Договорот го потпишаа Борис Сапожников, потпретседател на СЕХА Гаспром лигата, Сергеј Шишкарев, претседател на руската и Андреј Балецки, генерален секретар на белоруската федерација.

Претставници на Русија ќе бидат Чеховски Медведи, ЦСКА Москва, Нева Санкт Петерсбург и Пермски Медведи, додека од Белорусија ќе играат Мешков Брест, СКА Минск, Гомел и Машека.

(фото – Ракометна Федерација на Русија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести