Се одржа јавна трибина организирана од Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Под мотото „Нашиот клуб, нашата гордост, предизвици и можности“, во топлиот амбиент на „Кино Манаки“ во Битола се одржа јавна трибина како дел од прославата на 70-от роденден на РК Пелистер. Трибината ја отвори хроничарот на градот Димче Миновски, кој говореше за почетооците, кои датираат од 1924 година, а организирано од 1955 година.

Потоа во отворена дискусија по повеќе точки зборуваа претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. На пет теми тие ја „отворија душата“ и зборуваа за минатото, сегашноста и иднината.

Во дискусијата се вклучија и приврзаници, граѓани, бивши раководители и ракометари. „Кино Манаки“ беше преполно и од легендарни имиња, кои на покана на клубот, дојдоа на роденденскиот викенд.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *