Играчите на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ на последниот натпревар од ЛШ против екипата на Колстад се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со Тиквеш.
Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Ненад Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.
Кај Павле Атанасијевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Ракометарот Павле Атанасијевиќ ќе се врати на терените после пауза од три недели.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷