Екипата на Еурофарм Пелистер во иднина ќе остане без многу важен ракометар затоа што Самоил Ристевски се повреди.
Ракометарот Самоил Ристевски на натпреварот од полуфиналето од Ф4 турнирот за младинци против Алкалоид ја скрши ногата.
“Претходната и оваа година, наши млади играчи се здобија со тешки повреди. Покрај Ненад Костески кој успешно се опoрави од повредата на лигаментите и Цветан Кузманоски кој е во фаза на опоравување, Петар Атанасијевиќ со повреда на рамо, последен во низата е Самоил Ристевски, кој на данешното полуфинале на Ф4 тирнирот за младински шампион на Македонија заработи скршеница на ногата и по извршениот оперативен зафат ќе отсуствува 5-6 месеци”, – напишаа на социјалните мрежи на Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷