Сигурна победа за Куманово против Работнички

Екипата на Куманово оствари победа против екипата на Работнички со конечни 31-28 во плеј-офот во Првата лига.

Во првото полувреме се играше гол за гол, и на пауза двете екипи заминаа со нерешен резултат од 15-15. Во вториот дел Куманово ја подобри одбраната и нападот за на крај да забележи победа против Работнички.

Најефикасен во екипата на Куманово беше Влатко Тасевски со седум погодоци, додека кај екипата на Работнички најефикасен беше Ѓорѓи Дука со десет погодоци.

(фото-МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.