Екипата на Куманово оствари убедлива победа против екипата на Текстилец со убедливи 37-15 во Првата лига.
Домашната екипа имаше убедливо водство на полувремето од 17-7. Во вториот дел Куманово продолжи да го полни голот на Текстилец и да оствари убедлива победа во Првата лига.
Најефикасен во составот на Куманово беше Андреј Миладиновски со осум погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Васе Петров со седум погодоци.
(фото-МРК Куманово)📷