Ракометарките на Металург забележаа сигурна победа против тимот на Овче Поле Славјански Универзитет со високи 41-21 во првото коло од Женската Супер лига.
Металург направи добра разлика на полувремето со резултат 20-11 и во второто полувреме ја завери победата против Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во тимот на Металург беше Мила Трајковиќ со 17 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Стојанова со осум погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷