Поранешниот репрезентативец на Германија, Силвио Хајневетер потпиша договор со екипата на Штутгарт.
Силвио Хајневетер кој има 37 години потпиша договор на две години до летото 2024 година со германскиот тим. Тој доаѓа од екипата на Мелсунген.
Силвио Хајневетер има настапувано за репрезентацијата на Германија, а настапуваше и во Фуксе Берлин, Магдебург и Мелсунген.
„Разговорите со одговорните во Штутгарт беа многу пријатни и доверливи уште од самиот почеток. Со нетрпение го очекувам новиот предизвик да го искористам моето искуство за да му помогнам на Штутгарт во неговиот понатамошен развој“, – изјави Силвио Хајневетер.
(фото – Рк Штутгарт)📷