Симон Гаде е нов голман на германски Хановер

Голманот на Алборг, Симон Гаде од следната сезона ќе го носи дресот на германскиот тим Хановер.

Тој потпиша договор со Хановер до 2025 година. Гаде во Алборг пристигна во 2020 година, а претходно настапуваше и за екипата на Холстебро.

„Многу сум горд што потпишав за Хановер и едвај чекам да се докажам во најсилната лига на светот. Во исто време, се разбира, со нетрпение очекувам подобро да ја запознаам целата средина околу клубот. Првиот пат кога ќе се игра пред навивачите во салата во Хановер ќе биде многу посебно“, – изјави Симон Гаде.

(фото – Рк Хановер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести