Ракометарките на Скопје, во последните секунди дојдоа до победа против Шампион со 25-24 во Женската Супер лига.
Во првото полувреме Шампион имаше водство, и на полувреме замина со 14-11. Во второто полувреме Шампион продолжи со водството, но на крај во последните секунди Скопје успеа да забележи победа.
Најефикасна во екипата на Скопје беше Јасмина Попова со седум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Михаела Ангеловска со шест гола.
(фото – ЖРК Скопје)📷