Скопје ги освои бодовите против Стружанка

Екипата на Скопје забележа победа против екипата на Стружанка со убедливи 34-24 во натпревар од Женската Супер лига.

Тимот на Скопје на полувреме имаше водство од 14-10. Во второто полувреме Скопје продолжи со водството, па на крај да слави со висока разлика против Стружанка.

Најефикасна во редовите на Скопје беше Клементина Ѓурческа со седум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Маја Раткушиноска со шест гола.

(фото – ЖРК Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *