Ракометарките на Скопје остварија лесна победа против ракометарките на Кузман Вардар со високи 44-21.
Скопје од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на полувреме замина со предност од 19-11. Во второто полувреме Скопје ја зголеми предноста, и до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Кузман Вардар.
Најефикасна во тимот на Скопје беше Стефани Ристиќ со осум гола, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасни беа Сандра Јовевска и Нина Милевска со по пет гола.
(фото – ЖРК Скопје)📷