Екипата на Скопје забележа победа на гостувањето кај екипата на Стружанка со високи 31-17 во натпревар од 2. коло од Женската Супер лига.
Тимот на Скопје од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Стружанка.
Најефикасна во редовите на Скопје беше Марија Стојановска со осум гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Маја Раткушиноска со десет гола.
(фото – ЖРК Скопје)📷